Во интервју за Рацин.мк, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека локалните избори се второто полувреме од „пресметката“ меѓу Влен и ДУИ.
„Во Влен се сѐ понагласено дека овие (локални) избори се второто полувреме на битката со ДУИ или пак Европскиот фронт, ако опстојат. И не можеме да водиме битка и со Европскиот фронт и битка меѓу нас. Треба да го затвориме ова поглавје и со Европскиот фронт“. После тоа е нов период нова политичка ера во албанскиот кампус“, ја објаснува оваа стратегија Меџити.
Тој вели дека во Влен отворено се разговара за стратегијата за локланите избори и за иднината на оваа коалиција во иднина.
„Во ВЛЕН има 4+1, 5 политички субјекти. Но, гласачите бараат ВЛЕН да биде едно во суштина, мислам дека тука не грешиме знаеме да слушаме и да го читаме што сакаат гласачите, во овој случај повеќе албанските гласачи. Во однос на локалните избори тоа е на ниво на разговори, нема политички договор. Таму има повеќе стратегии, повеќе идеи, сме разговарале во некои општини ако има некој кандидат што е подобар од нашите кои ги имаме во структурата, може да го понудиме за најдобар кандидат за градоначалник ќе излеземе и како независен, некој кој доаѓа од бизнис, академскиот дел итн“, вели Меџити.
Тој најавува дека до конечно решение во Влен ќе дојдат после уште 1-2 состаноци на коалицијата.
„Ова укажува дека во ВЛЕН има разговори, преговори има аргументи, се разговараат работите и сѐ додека е вака ќе се наоѓаат најдобрите решенија“, посочува Изет Меџити.
Во однос на тоа далу се гледа како лидер на евентуално новата партија која би произлегла од Влен, Меџити вели дека е рано да се каже.
„Јас сум човек кој сака да игра во успешна екипа, победничка екипа, не сум оптоварен со тоа дали сум прв, втор, трет“, одговори во интервју за Рацин.мк, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити .