Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мерц ја одби подадената рака на Вајдл за коалициска Влада, а таа му врати дека е привремен Канцелар

Лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц, партија која освои најмногу пратенички места во Бундестагот и кој најверојатно ќе биде идниот германски Канцелар, најави дека ќе се обиде да формира влада што ќе ја претставува цела Германија и уште еднаш нагласи дека нема намера да соработува со АфД.

Кандидатката на АфД, Алиса Вајдел, втора по освоени мандати, во вчерашната телевизиска дебата на германските политички лидери рече дека нејзината рака и понатаму е „подадена“ кон конзервативниот блок, и предупреди дека секоја друга коалициска влада ќе биде нестабилна и „нема да трае“.

Таа, исто така, предвиде дека АфД ќе ги надмине конзервативците во иднина и го нарече Мерц „привремен канцелар“.

Мерц одговори дека Вајдел може да подава рака „колку што сака“, но дека има суштински разлики меѓу нивните партии.

Тој, исто така, повтори дека повеќе би сакал да формира влада со еден коалициски партнер отколку со двајца – но конечната одлука ќе зависи од официјалните изборни резултати.

Зачлени се на нашиот е-билтен