„Либериското кафе“, е еден вид на кафе од Јужен Судан, кое би можело да стане едно од најпопуларните бидејќи во Бразил, најголемиот светски производител, се очекува жетвата да се намали за 12 отсто поради сушата.
„Либериското кафе“ кое е откриено пред повеќе од еден век во Јужен Судан, привлекува се поголем меѓународен трговски интерес во услови на глобална криза за кафе предизвикана главно од климатските промени. Додека водечките земји за производство на кафе се борат да го одгледуваат родот во сè посуровата клима, цените се повеќе растат, а едно решение би можело да биде „либериското кафе“.
По потекло од Јужен Судан и неколку други африкански земји, вклучувајќи ги Конго, Централноафриканската Република и Уганда, либериското кафе се одгледува и во Индија, Индонезија и Виетнам. Големите корени, густите лисја и големото стебло на грмушката му овозможуваат да напредува во екстремни услови како што се суша и топлина каде што другите сорти на кафе не можат да преживеат. Сепак, зазема помалку од еден процент од глобалниот пазар, далеку зад најконзумираните „арабика“ и „робуста“.
Експертите велат дека „либериското кафе“ ќе мора да се покаже практично за да се премости потенцијалниот недостиг на пазарот предизвикан од климатските промени. Засега „либериското кафе“ најмногу може да се купи само преку интернет. Има сладок вкус, со ноти на чоколадо, темно овошје и лешник. Тоа е повеќе слично на „арабика“ отколку на „робуста“, но генерално е помалку горчлив од двете.