Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, понатамошни нуклеарни преговори со Соединетите држави ,по израелските напади врз земјата, ги нарече „бесмислени“, објави државната телевизија.
После ваквите коментарите на Есмаил Багаи, станува нејасно одржувањето на понатамошните разговори меѓу двете нации, првично планирани да се одржат в недела во Оман.
„САД направија работа што ги направи разговорите бесмислени“, изјави портпаролот на министерството Багаи на државната телевизија, обвинувајќи го Израел дека ги преминал сите црвени линии на Иран со извршување на „криминален чин“.
Тој додаде дека Израел ги поминал сите црвени линии на Иран со тоа што извршил „криминален чин“ преку своите напади. Сепак, тој не кажа дека разговорите се откажани.
„Сè уште не е јасно што одлучуваме за неделните разговори“, ја цитираше неговата изјава новинската агенција Мизан.
Во нападот на израелски проектили и беспилотни летала на Иран, загинаа 78 лица а беа повредени над 320. Во одмаздата на Техеран врз Израел загинаа тројца а десетици луѓе беа ранети, што ги зголемува стравувањата од сеопфатна војна.
Иранскиот ракетен напад се случи само неколку часа откако Израел соопшти дека во неговите широки воздушни напади биле убиени неколку врвни ирански генерали, вклучително и поголемиот дел од високото раководство на воздухопловните сили на Револуционерната гарда.
Во нападот на Израел биле користени воени авиони, како и дронови шверцувани во земјата однапред, за да ги нападнат клучните објекти и да ги убијат врвните генерали и научници.
Израел тврди дека нападот бил неопходен пред Иран да направи атомско оружје, иако експертите и американската влада оценија дека Техеран не работел активно на такво оружје пред нападите.
Иран возврати со лансирање беспилотни летала и балистички ракети кон Израел, каде што експлозиите го осветлија ноќното небо над Ерусалим и Тел Авив и ги потресоа зградите долу. Израелската војска ги повика цивилите да се упатат кон засолниште со часови.
Израелската војска соопшти дека десетици проектили „некои пресретнати“, биле истрелани во најновите напади од Иран.
„Чад се издига над облакодерите во центарот на Тел Авив“, објави новинар на АФП, додека Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала десетици цели во Израел.
Израелската противпожарна служба соопшти дека нејзините тимови реагирале на последиците од иранските ракетни напади, вклучително и работа на спасување на луѓето заробени во висока зграда.
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во петокот вети дека оние што стојат зад израелските напади нема да „ избегаат безбедно“ од нивното „големо злосторство“.
По еден ден бомбардирање, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на огнот меѓу двете нации.
„Доста ескалација. Време е да се запре. Мирот и дипломатијата мора да надвладеат“, напиша тој на X доцна во петокот.
Во остар одговор, Иран – без директно да го именува шефот на ОН – го отфрли апелот, изјавувајќи: „Ако сте молчеле за време на две години палестински масакри и синоќешниот напад врз Иран, не повикувајте на воздржаност сега. Останете тивки“.
Повици за дијалог
Американските власти рекоа дека му помагаат на Израел да се одбрани од ракетните напади, иако Вашингтон инсистираше на тоа дека нема никаква врска со нападите на Израел врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи на повик со британскиот премиер Кир Стармер дека се потребни „дијалог и дипломатија“ за да се смири кризата, соопшти канцеларијата на Стармер.
Трамп во петокот разговараше и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рекоа американски официјални претставници, без да наведат детали.
Радијацијата „непроменета“ во областа Натанц
Конфликтот покрена прашања за тоа дали шестата рунда разговори во недела планирани меѓу Соединетите Држави и Иран за постигнување договор за иранската нуклеарна програма ќе се одржи во Оман.
По првиот бран напади во петокот, Трамп го повика Иран да „склучи договор“, додавајќи дека Вашингтон „се надева дека ќе се врати на преговарачката маса“.
Иран потврди дека се уништени надземни делови од постројката на Натанц, но Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека нивото на радијација надвор од локацијата „останува непроменето“.
„Поголемиот дел од штетата е на површината“, изјави портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди.
Иран рече дека има само ограничена штета на нуклеарните локации Фордо и Исфахан.
Соединетите Држави и другите западни влади постојано го обвинуваат Иран дека произведува нуклеарно оружје, што Иран ваквите тврдења ги негира.
Нетанјаху рече дека израелското разузнавање заклучило дека Иран се приближува до „точката од која нема враќање“ во својата нуклеарна програма.
Израел повика на глобална акција откако МААЕ во четвртокот го обвини Иран за непочитување на своите обврски.
Иран моментално збогатува ураниум до 60 отсто, што е далеку над границата од 3,67 отсто, поставена со договорот со големите сили во 2015 година, кој во голема мера е во фаза на изумирање, но сè уште е помалку од прагот од 90 отсто потребен за нуклеарна боева глава.
Земјите во регионот го осудија нападот на Израел, додека лидерите ширум светот повикаа на итна деескалација од двете страни.
Израел долго време се закануваше со таков удар, а последователните американски администрации се обидоа да го спречат, плашејќи се дека ќе запали поширок конфликт низ Блискиот Исток и можеби ќе биде неефективен во уништувањето на дисперзирана и зацврстена нуклеарна програма на Иран.