Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати за градоначалници, како што рече, според негово убедување и идни градоначалници. ВМРО ДПМНЕ, посочи Мицкоски, досега објави 33 кандидати за градоначалници, а во моментов се прават мерења за уште 17 општини. Очекува бројката за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори да биде заокружена до средината на јули.
„Практично сите општини да ги добијата имињата на кандидатите. Исто така дел од кандидатите што ќе ги поддржиме уште во првиот круг се кандидати од коалициските партнери, коишто доаѓаат како од ВМРО ДПМНЕ. Но и во рамки на внатрешната коалиција за да видиме како ќе се покажат мерењата на јавно мислење, така што и доколку и таму имаме одредени потенцијали, коишто се над капацитети на ВМРО ДПМНЕ, ние немаме проблем како политичка партија да ги поддржиме. Така што очекувам целокупниот овој процес да се комплетира некаде крајот на првата половина на јули месец“, изјави Мицкоски.
Синоќа во Штип на седница на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник, Драганчо Саботковски, потоа за Општина Пробиштип кандидат за градоначалник е Тони Тоневски, за Богданци ВМРО ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Општина Демир Капија ја предлага Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за градоначалник е Ѓорги Крстевски, за Општина Новаци е Стевче Стевановски и за Општина Дебарца е Златко Силјановски.
Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа одлучи и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори.