Мицкоски прогнозира: Не ниските плати, туку временските услови се виновни што ресенските јаболка, како и црешите, ќе ги нема на трпезите на граѓаните

На новинарско прашање, дали премиерот ја следи состојбата со дивеењето на цените на производите во маркетите, Мицкоски рече „да“ и порача дека за сите мерки што ќе ги преземе Владата, јавноста благовремено ќе биде запознаена.

Исто така на новинарско прашање за цените на пазарите, конкретно за црешите, кои чинат и до 500 денари, Мицкоски вели:

„Цената на црешите не е 500 денари за килограм, туку таа се движи од 200 до 300 денари, но и тоа е многу. Тоа е така поради студот што беше елементарна непогода за црешите. Истото ќе се случи и со ресенсоките јаболка бидејќи и таму очекувавме преполовување на родот поради неколкудневните ниски температури. Ретка е понудата со цреши на трпезата на граѓаните, истото очекувам да се случи и со јаболката. Апсолутно, одблиску ја следам состојбата со цените на производите во маркетите. Реков дека трикови нема да толерирам и внимателно следам што се случува во маркетите. Доколку има одредени непринципиелни однесувања, ние ќе делуваме“.

Мицкоски не одговори на дополнтелното прашање на новинарите, за какви мерки станува збор, туку само кратко рече:

„Јавноста благовремено ќе биде запознаена“.

Зачлени се на нашиот е-билтен