Гласен синдикат се приклучи на Сојузот на синдикати – 5та СИЛА

Гласен синдикат од денеска официјално стана дел од Сојузот на синдикати – 5та СИЛА, соопштуваат од синдикатот.

Оттаму информираат и дека едногласно е избрана Кристина Ампева за Генерален секретар на Сојузот. Ампева, како што дополнуваат, е позната по својата долгодишна, гласна и бескомпромисна борба за правата на работниците и социјална правда.

-Ова е чекор напред кон посилно, похрабро и попрогресивно синдикално движење. Единството и солидарноста се нашата најголема сила – и само заедно можеме да ја промениме реалноста на македонскиот работник, се наведува во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен