Битиќи: Компаниите се жалат на поврат на ДДВ

Пратеникот од СДСМ и ексвицепремиер Фатмир Битиќи рече дека проблемот со повратот на ДДВ не е само технички, туку и политички, укажувајќи на партиска селекција на фирмите и укинување на клучни реформи во фискалната инфраструктура.

“Секојдневно се среќавам со компании коишто, за жал на министерката за финансии, се жалат дека повратот на ДДВ е реален проблем. Нешто што го немаше во изминатиот период“.

Во интервју за порталот 360 степени, тој тврди дека додека бил вицепремиер за економски прашања не постоел систем на ургенции или селективност при враќање на ДДВ.

„Можам јавно да тврдам дека во четири години како вицепремиер задолжен за економски прашања не сум добил повик за да ургирам за враќање на ДДВ на која било фирма. Единственото ургирање било да се забрзаат инспекциските надзори за да можат полесно да го вратат ДДВ. Сега не се случува ни едното ни другото. Времето на враќање е значително големо“, вели Битиќи.



Зачлени се на нашиот е-билтен