Десетици илјади учесници на Прајдот на Будимпешта и покрај забраната на владата на Орбан

И покрај забраната што ја донесе унгарската влада под водство на премиерот Виктор Орбан, денеска десетици илјади луѓе се собраа во Будимпешта за одбележување на 30-тото издание на Будимпештанската парада на гордоста.

Организаторите најавија рекордна посетеност, и покрај тоа што националистичката влада ги заостри законите и уставните одредби кои ги ограничуваат правата на ЛГБТК заедницата, повикувајќи се на „заштита на децата“.

Премиерот Орбан порача дека полицијата нема да интервенира со насилство, но учесниците беа предупредени за можните „правни последици“.

Илјадници маршираа за поддршка на правата на ЛГБТК заедницата, а меѓу нив беше и делегација од 200 активисти од Amnesty International од Европа, кои ја поддржуваат граѓанската непослушност како форма на отпор кон репресијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен