Висок офицер на Хамас: Нашиот команден систем е уништен, ја губиме контролата врз Газа

Високорангиран офицер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека организацијата ја изгубила контролата над речиси 80 отсто од Појасот Газа, додека други помали вооружени групи го пополнуваат вакуумот на власт.

Офицерот, потполковник кој бил повреден на почетокот на конфликтот и оттогаш не е на должност, побарал да остане анонимен. Тој истакна дека командниот и контролниот систем на Хамас е практично „на нула“ поради интензивните израелски напади врз раководството на организацијата. Оваа информација засега не е независно потврдена.

Израелските медиуми наведуваат дека Израел се обидува да го ослаби Хамас преку поддршка на други помали вооружени групи во Појасот Газа, кои сега контролираат значителни делови од територијата.

Средба Трамп–Нетанјаху за запирање на конфликтот во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, во обид да се постигне крај на војната во Појасот Газа.

Средбата следи по изјавата на Трамп од неделата, во која изрази надеж дека во текот на оваа недела ќе биде постигнат договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Сепак, Нетанјаху пред заминувањето за Вашингтон изјави дека нема да прифати никаков договор што би му дозволил на Хамас да остане на власт во Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен