Инцидент со запаливи шишиња бил пријавен ноќеска во скопската општина Ѓорче Петров, откако засега непознат сторител фрлил молотови коктели кон семејна куќа. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, биле употребени стаклени шишиња со запалива течност, по што избувнал пожар.
Огнот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој потоа ја пријавил случката. Надлежните служби вршат увид и ги проверуваат мотивите и евентуалната материјална штета, а засега нема информации за повредени лица. Истрагата е во тек.