На барање на публиката за документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, отвораме нови термини
Проекции:
23.02.2026 — 18:00 ч.
25.02.2026 — 18:00 ч.
26.03.2026 — 18:00 ч.
Освен во Кинотеката на Северна Македонија, во изминатиов период и дистрибутерот “Кино Балкан” активно го прикажува филмот “Приказната за Силјан” на режисерката Тамара Котевска.
Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан.