Иран е подготвен да им дозволи на јапонските танкери да поминат низ Ормутскиот теснец, објави во саботата јапонската новинска агенција Кјодо, велејќи дека иранскиот министер за надворешни работи. Техеран започна разговори со Токио за евентуално отворање на морскиот премин за јапонски бродови, изјави Абас Арагчи за Кјодо во телефонско интервју.
Јапонија зависи од Блискиот Исток за околу 95 проценти од своите резерви на нафта, а околу 90 проценти од тоа доаѓа преку Ормутскиот теснец, клучен премин што Иран го блокираше како одговор на израелските и американските напади. Иранскиот министер за надворешни работи изјави за Кјодо дека Иран „не го затворил теснецот“, туку вовел ограничувања за бродовите поврзани со земјите вклучени во нападите врз Иран.
Иранскиот министер нагласи дека Иран е подготвен да обезбеди безбеден премин за земји како Јапонија доколку се координираат со Иран и го пофали традиционално „избалансираниот и фер“ став на Токио и неговите долгогодишни пријателски врски со Техеран.
Арагчи во интервју за јапонска новинска агенција нагласи дека Иран не сака „примирје“, туку „целосен, сеопфатен и долгорочен крај на војната“, со гаранции што ќе спречат идни напади и надомест за штетата предизвикана за време на војната.
