СЕКЕ Прилеп ги потсетува тутунарите дека правилното третирање на тутунот е еден од најважните чекори за зачувување на квалитетот и избегнување проблеми при откупот.
Тутунарите треба да користат исклучиво одобрени препарати: Chlomazone против плевели, Sivanto Prime против штетни инсекти и Rival против болести.
Неодобрените и непропарачани препарати можат сериозно да го нарушат квалитетот на тутунот. Затоа секој третман треба да се врши внимателно, со почитување на дозите и времето меѓу прскање и берба.
При третирање задолжително треба да се носат ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на третманот, не треба да се прска при ветер, а по завршување на третманот потребно е миење.
Препаратите треба да се чуваат на безбедно место, во оригинална амбалажа и надвор од дофат на деца. Опремата за прскање треба редовно да се сервисира и правилно да се одржува.
Агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации за сите активности поврзани со производството на тутун.
