СДСМ реагира на информациите од институциите дека водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи за пиење и готвење, поради присуството на опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa.
„Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата била технички исправна за капење.
Никој не потпишал. Никој не одговара за труењето на граѓаните. Во Гостивар имаше епидемија на жолтица. Велат „веќе ја нема”. Кој го потврдил тоа? Кој потпишал?
Единствена причина зошто граѓаните воопшто почнаа да се капат беше изјавата на Мицкоски дека водата ќе биде „технички исправна”, но никој стручен документ не го потврди тоа“ велат од СДСМ.
Оттаму додваат дека се работи за политички поени и како што велат, на штета на здравјето на луѓето.
„Ако денес сѐ уште се прави хиперхлорирање поради опасна бактерија, тогаш водата не е ни за капење.
Никој официјално не ги извести граѓаните за тоа. Министерот Клековски – никаде го нема. Изгледа и тој е на екскурзија.
Оваа Влада не е способна ниту вода да обезбеди, а сака да води држава“ порачуваат од СДСМ.
