СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

СДСМ

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, побара попладнево опозициската СДСМ.

„Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни“ велат од СДСМ.

СДСМ прашува и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

„Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?