Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја продолжуваат концертната турнеја низ Македонија и на 19 септември ќе настапат на Градскиот стадион во Штип, во рамките на Пастрмалијада.
По концертот во Скопје на 6 јуни, двајцата музичари најавуваат ново големо шоу, овојпат пред штипската публика, каде ќе бидат главни ѕвезди на вечерта.
На концертот ќе прозвучат нивните најпознати хитови, меѓу кои „Магија“, „Армија“, „Слаба точка“, „Адреналин“, „Некаде после 2“, „Итно ми требаш“ и „Ти ме сакаш знам“.
Со Јован и Елвир ќе настапат и бендот и танчарите кои ги придружуваа на концертот во Скопје, а како специјални гости се најавени Маја Саздановска и Тони Зен.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со носталгија, познати песни и концертна продукција со која Јованов и Мекиќ ја продолжуваат низата настапи низ земјава.
Настапот е дел од програмата на Пастрмалијада, која започнува во 19 часот, а влезот за концертот е бесплатен.

