Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случките во Македониумот, изјави:
„Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и челновите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“
