Рама објави листи на демонстранти кои не се студенти, тие му возвратија со покажување индекси

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека студентските протести во Тирана се финансирани од организиран криминал и странски центри, додека студентите по медицина ги отфрлија обвинувањата за тероризам и криминални досиеја покажувајќи ги индексите со највисоки оценки.

Протестите и универзитетскиот бојкот во Тирана влегоа во единаесеттиот ден со директна конфронтација меѓу албанската влада и студентите.

Премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи и во обраќање до јавноста изјави дека полицијата поседува податоци за неколкумесечна подготовка на насилството. Според неговите тврдења, во земјата биле внесени маски и експлозивни материи, а во организацијата биле вклучени групи поврзани со „Антифа“, структури на организираниот криминал, пари од странство и опозициската Демократска партија.

Рама истакна дека во немирите биле повредени полицајци и дека правото на протест било злоупотребено за психолошки терор врз главниот град. Тој објави и листа со имиња и фотографии на демонстранти за кои тврди дека имаат криминално досие.

Студентите по медицина и специјализантите веднаш ги демантираа ваквите наводи на собир пред зградата на Владата.

Еден од студентите чија фотографија се најде на премиерската листа јавно ги отфрли обвинувањата дека се занимавал со производство и продажба на дрога. Тој пред медиумите ги покажа своите оценки од студиите по медицина, посочувајќи дека има само десетки, и оцени дека етикетирањето на академските граѓани како криминалци претставува обид за задушување на студентскиот бунт.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?