Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија протера двајца американски дипломати поради врски со „шпион“

 Руските власти денеска соопштија дека протерале двајца вработени во американската Амбасада поради наводна „врска“ со Роберт Шонов, поранешен вработен во американскиот конзулат обвинет од Москва за шпионирање.

Шонов, кој работел за американскиот конзулат во Владивосток, беше обвинет за наводно пренесување информации за конфликтот во Украина на американски дипломати, тврдење што САД го отфрлија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата американски дипломати – Џеф Силин и Дејвид Бернштајн – спровеле „незаконски активности преку поврзување со рускиот државјанин, (Роберт) Шонов“.

„На американскиот амбасадор му беше кажано дека Силин и Бернштајн мора да ја напуштат територијата на Русија во рок од седум дена под статус на персона нон грата“, се вели во соопштението.

САД остро го осудија апсењето на Шонов во мај, обвинувајќи ја Русија дека користи „се порепресивни закони против сопствените граѓани“

Зачлени се на нашиот е-билтен