Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рекорд: Во јануари 2023 година 87,02% од потребната електрична енергија е од домашно производство

За прв пат во последните 15 години, во месец јануари 2023 година од потребната електрична енергија 87,02% е домашна енергија, а 12,98% од увоз. Вообичаено на годишно ниво увозот изнесувал околу 30%.

Домаќинствата, пак, за 14 проценти ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои располага Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од Електродистрибуција.

Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 гигавати или 349 830 666 киловат часови, додека истиот месец минатата година биле потрошени 408 гигават часови електрична енергија.

-Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 отсто, споредбено со истиот период од минатата година, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 отсто се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 проценти.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново