Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Откриен хакерски тим кој влијаел на изборите во повеќе од 30 земји

Тим израелски хакери кои во последните 20 години влијаеле на резултатите на повеќе од 30 избори ширум светот, користејќи хакирање, саботажа и автоматизирани дезинформации на социјалните мрежи, е разоткриен по темелни истраги, пишува лондонски „Гардијан“.

Според весникот, тимот бил предводен од поранешниот оперативец на израелските специјални сили Тал Ханан, кој работел под кодното име „Хорхе“.

Тој и неговиот тим, кои го користеа кодното име „Тим Хорхе“, беа откриени преку тајни снимки и документи до кои „Гардијан“ имал пристап.

Ханан, претставувајќи се како консултант и бизнисмен кој сака да ги одложи изборите во една африканска земја, изјави дека неговите услуги се достапни за разузнавачките агенции, политичките кампањи и приватните компании кои сакаат тајно да манипулираат со јавното мислење.

Тој рече дека услугите на неговиот тим, опишани од други како „црни операции“, се користени низ Африка, Јужна и Централна Америка, САД и Европа.

Во конзорциумот новинари што го истражуваше случајот „Тимот Хорхе“ членуваат новинари од 30 медиуми, меѓу кои францускиот „Монд“, германскиот „Шпигел“ и шпанскиот „Паис“.

За време на тајно снимените состаноци, кои се одржуваа во период од шест месеци, Ханан и неговиот тим разговараа за тоа како би можеле да соберат разузнавачки информации за политичките ривали, вклучително и користење техники на хакирање за пристап до сметките на Gmail и Телеграм. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен