Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Апсолутно е несоодветно однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на други политички партии што го злоупотребуваат грозоморниот чин за политички цели

„Морам да изразам уште еднаш згрозеност од овој монструезен чин кој се случи во нашата држава и уште еднаш да ја поздравам брзата, професионална акција која што ја спроведоа МВР, ЈО, во соработка подоцна и со МВР на Србија, Бугарија, Турција и Хрватска со цел идентификување и приведување на сите сторители на овој грозоморен чин“, изјави Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Што се однесува до ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и на други политички партии кои што сакаат овој грозоморен чин да го искористат за политички цели како што тоа впрочем го правеле и со другите во минатото, Ковачевски смета дека е апсолутно несоодветно и дека на таков начин се нанесува штета и на истрагата меѓутоа и на семејствата на трагично починатите.

“Значи сето она што требаше да биде споделено како факт и како факти го направи МВР и ЈО и вие самите бевте сведоци и целата македонска јавност за деталите во кои што и министерот и обвинителот објаснија за информациите кои што ги имаат добиено во текот на истрагата и за се она што беше направено со цел на идентификување на местото каде што се наоѓа и последното лице кое што практично според она што го кажуваат е организатор и извршител на овој грозоморен чин, а МП веќе информираше дека ги подготвува сите потребни документи за правење на најбрза можна екстрадиција од Турција во Македонија“, заклучи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен