Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Дезинформација е дека Фуркан Салиу не е новинар според Агенцијата за медиуми

По приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, тој стана мета на бројни невистини и дезинформации, како на социјалните мрежи, така и во медиумите.

На пример, во емисијата „Само вистина“ на 8 април 2024 година на ТВ Канал 5, гостинот Драган Павловиќ Латас тврдеше дека Фуркан Салиу не е новинар.

„Ако ги гледате фактите, кои се најбитни во суштина, значи, прво, Фуркан Алиу не е новинар… Салиу односно, не е новинар… Збориме според важечкиот Закон за медиуми, односно Агенцијата за медиуми…“, изјави тој во емисијата.

Но, тврдењето дека Фуркан Салиу не е новинар според Агенцијата за медиуми е неточно. Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, која според Законот за медиуми е надлежно регулаторно тело, на 7 април 2024 издаде соопштение во кое го ословува Салиу како „новинар“. Агенцијата реагираше и претходно, за физичкиот напад од страна на извршителка „врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс“.

Дека Салиу е новинар потврдуваат и реакциите на повеќе домашни и меѓународни медиумски и новинарски здруженија и организации.  За приведувањето реагираа Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како и Институтот за медиуми и аналитика. За приведувањето на „основачот и новинар“ на PortalX реагираше и Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите.

Затоа, тврдењето на Драган Павловиќ Латас дека Фуркан Салиу не е новинар „според важечкиот закон за медиуми, односно Агенцијата за медиуми…“ е невистинито, и може да се оцени како дезинформација.

(СМК)

Зачлени се на нашиот е-билтен