Беким Фехмиу, човекот кој секогаш беше фактор на помирување, на совест, на возвишена мисија

Овие денови, кога во Охрид се очекува да биде прифатена платформата за постигнување на договор помеѓу Србија и Косово, стануваат актуелни инспиративните приказни за помирувањето меѓу народите во регионот.

Една таква приказна е животот и делото на Беким Фехмиу. Рацин.мк ви го пренесува текстот на Стефан Симиќ, која за големиот актер пишува како за „човек кој секогаш беше фактор на помирување, на совест, на возвишена мисија“.

Стефан СИМИЌ

Беким Фехмиу е една од најдобрите врски меѓу нашите култури.

Беким ги помирил своите предрасуди и разлики и дошол да студира во Белград. Прво се запишал на Факултетот за драмски уметности и дури потоа го научил јазикот. Попатно.

Кога почнаа немирите во Југославија во деведесетите, тој престана да глуми. Се пензионираше, на врвот на својата кариера.

Замолкна, пишуваше, сликаше.

И човекот кој имаше толку многу да каже потона во тишина, од протест, од бунт, од желба сето тоа да запре и да престане.

Како никој друг почувствува што се случува и што се подготвува.

Малку се таквите актери кои имале толку сила да се врежат толку длабоко, надлабоко.

Бекам напиша две прекрасни автобиографски книги.

И никој подобро не ни ја претстави албанската култура, неговото призренско детство и растење, неговото воспитување, многу муслимански обичаи, грижата, љубовта.

Тој не можеше да глуми на сцената или на филм додека неговите другари, и едни и другите, пукаа еден на друг.

Во повеќето негови филмови тој беше праведник, бунтовник, човек. Таков беше и на снимањата, секогаш.

Огромна уметничка харизма што ја жртвуваше својата кариера заради повисока цел.

Денес, кога една од главните теми се српско-албанските односи и прашањето за Косово, секогаш се сеќавам на драгиот Беким Фехмиу и на неговата мисија.

Кога тој можеше да го помири сето тоа во себе, да ги обединува и едните и другите, зошто не можеме и ние тоа да го направиме?

Ајде да подадеме рака.

И да го најдеме сето она не обединува, а не разделува.

Не само заради Беким, туку заради нас самите и иднината што доаѓа.

Често размислувам за неговата судбина, како се повлече од очите на јавноста и на крајот си го одзеде животот.

И како му ја расеаја прашината во Призрен, во Бистрица, во присуство на најблиските.

Сè е како во легенда, освен што оваа легенда не е измислена, туку вистинска.

Дефинитивно еден од најголемите луѓе што сме ги имале.

Намерно велам „што сме ги имале“, затоа што сите во овој регион го имавме.

Човекот кој секогаш беше фактор на помирување, на совест, на возвишена мисија.

Секогаш кога ќе сретнам Албанци во Србија, во Нови Пазар или каде и да е, мислам на Беким.

На неговите приказни.

И тие драги луѓе ми стануваат уште по мили.

Во сите нив наоѓам по еден дел од неговата добрина, благородност, посветеност.

Неодамна ја запознав животната сопатничка на Беким, Бранка Петриќ.

Ја замолив да ми раскажува за Беким

И сè што ми кажа, некако веќе го знаев бидејќи некако го чувствував како малкумина други.

Преку неговите книги, филмови, преку неговиот молк.

Јас самиот имав потреба да замолчам толку пати, немоќен да решам многу работи во општествотото.

А сепак, си мислев, како без глас во јавноста…

Треба да зборуваме за Беким.

И сличните други судбини коишто одбележаа едно време.

И чиј молк одекнуваше погласно од сите сега веќе заборавени политички говори.

Што да кажам на крајот, ќе поминуваат генерации и генерации.

Ние немаме други соседи.

Ние сме упатени еден на друг.

И затоа треба да учиме еден од друг, да се поврзуваме, да се дружиме, да се спојуваме.

Ние ја креираме иднината.

Беким нè научи на тоа.

Како и многу други Бекими со кои сме опкружени, а ние не сме ни свесни за нив.

Дека сме на иста страна, на човечката страна. На страната на човекот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира