Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Христовски од АНБ ги става Мицкоски, Тошковски, антикорупционерите, Јаневска и УТМС на листата на губитници

„Покрај Христијан Мицкоски, веќе е на листата на губитниците за цврстата одлука Бојан Христовски да биде шеф на АНБ, веќе се наредени Панче Тошковски, антикорупционерите, Весна Јаневска и Универзитетот за туризам и менаџмент. На таа листа сигурна ќе бидат додадени и некои други, додека Мицкоски не расчисти со суетата и не разбере дека и самиот тој во еден момент може да се најде на тој список“, пишува Љупчо Поповски во неговата колумна „Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски“ објавена во „Независен“.

Тој додава дека е необјасниво зошто со толку енергија, напор, партиска логистика, пропагандна машинерија, се користи премиерот Христијан Мицкоски да го заштити својот избор за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

„Под неговиот товар тој веќе почнува да потклекнува, како што се виде вчера на пратеничките прашања кога излезен на говорницата, дифузен, скролајќи преку телефонот, се обидуваше да најде одговор на прашањата што му ги постави Димитар Апасиев (Левица). И кои не беа поврзани со контроверзниот сертификат за англиски јазик од една опскурна наводна јазична школа во бугарскиот град Пловдив“ пишува Поповски.

Тој додава дека тие неколку минути биле досега најслабиот настап на премиерот откако стапи на функцијата, кога исчезнаа неговата самоувереност и желбата да го надзборува и поентира над политичкиот протовник.

„Тој само очајно бараше што му пратиле во порака на телефонот за да може да одговори на тврдењата и прашањата на Апасиев, кои беа прецизно поставени па на нив мораше да се даде прецизен одговор“, пишува Поповски.

Зачлени се на нашиот е-билтен