Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прегласувањето заврши, се бројат гласови, ЦИВИЛ забележа помали нерегуларности, но и 18 случаи на семејно гласање во избирачко место во с. Дебреште, Долнени

Прегласувањето за Парламентарните избори што се одржа денеска, 22 мај, помина мирно и без инциденти. Се прегласуваше во седум избирачки места со 4,514 гласачи запишани во Избирачкиот список. Излезноста, според ДИК, во 18:30 часот била 55,10%, односно гласале 2,487 граѓанки и граѓани.

Мобилните изборни набљудувачи на ЦИВИЛ нотираа повеќе случаи на нерегуларности, меѓу кои посебно се бележат дури 18 случаи на семејно гласање во избирачкото место 1470 с. Дебреште, општина Долнени. Избирачкиот одбор без реакција.

Во моментов трае броењето на гласовите во седумте избирачки места каде што се прегласуваше.

Зачлени се на нашиот е-билтен