Сопствениците на имоти во Риека можат да здивнат, бидејќи се фатени крадците од Македонија, кои со рачно изработен алат краделе злато и пари од домовите. Јутарњи лист, пишува дека истражителите, ја отвориле ‘Пандорината кутија’во октомвти минатата година со апсењето на тројца крадци од Македонија, при што Службата за општ криминал на полицијата во Риека успеала да го поврзе тимот со дури 16 кражби во областа Риека. Од 16. кражби, една останала во обид.
Станува збор за вредни „работници“ од другата страна на законот, на возраст од 37, 42 и 50 години, кои од март минатата година до крајот на септември ја ограбиле Риека и притоа заработиле околу 100 илјади евра користејќи сопствен алат за кражба.
Од домовите на луѓето краделе накит, пари и други предмети, од кои потоа можеле да заработат, според проценките на ограбените лица, најмалку 97.000 евра!
Во кривичната истрага пронајдени се дел од украдените предмети, како и специјалното средство за кражба со кое се вршеле делата.
Истрагата открива дека во август и во Далмација биле извршени две слични кривични дела – велат од риечката полиција, која по три месеци престој во Реметинец ги приведе македонските државјани, и сега се во притвор.
Загрепската полиција, пак, во октомври минатата година поднесе кривична пријава против осомничената тројка за три кражби, како и за изработка и набавка на оружје или средства наменети за извршување на кривични дела.
Првата кражба е извршена во Слобоштина, Нов Загреб, на 20 февруари минатата година, кога 50-годишен маж и непознато лице упаднале во стан на улицата Владимира Вариќака. Тие биле снимени со видео надзор, на кој се гледа како влегуваат во лифтот, пристигнуваат на избраниот кат и како упаѓаат во станот користејќи соодветен алат и модификуван клуч и земаат часовник и накит.
По седуммесечна пауза, групата крадци се упатиле кон Риека каде на 24 и 25 септември краделе во Кантрида и Горња Вежица. И во тој случај двајцата осомничени го користеле лифтот и со модифициран клуч упаднале во станот. Меѓутоа, тие одеднаш се откажале од натамошните планови и избегале, а следниот ден се упатиле во друга населба, каде што украле накит од стан и исчезнале. Но накратко.
При претрес на автомобилот што го користел најстариот маж, полициските службеници пронашле ротациона брусилка на батерии со придружни додатоци, неколку парчиња разни клучеви за цилиндрите за заштита од кражба, неколку парчиња различен специјален алат за кражба и неколку парчиња алуминиумска фолија специјално прилагодена и наменета за земање отпечатоци од внатрешноста на цилиндрите против кражба и отклучување со преработен клуч, шрафцигери, клуч, мобилни телефони, електронски уред за комуникација со дигитални системи, сите алатки кои се користат како средство за закопчување.