Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ го сокри видео материјалот од седницата на општина Аеродром

Од СДСМ јавно го прашуваат в.д. градоначалникот на општина Аеродром кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ‘од што се срами и зошто го крие видео материјалот кој веќе не е достапен на Youtube каналот на Општина Аеродром’?  Од таму додаваат дека разочарувањето од неспособноста на Муцунски и Митески кај жителите на општина Аеродром е огромно и дека сметката за ваквата невидена неспособност ќе биде испорачана на избори.

Од опозициската партија обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го крие видео материјалот од директниот пренос од вчерашната 51 седница на Советот во Општина Аеродром, затоа што тоа е седницата на која мнозинството го усвои последниот, четврти буџет, откако ДПМНЕ управува со Општина Аеродром. Од таму уште прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ ја крие седницата од јавноста затоа што ветените 14 милиони евра од унгарскиот кредит на Владата во Буџетот на Аеродром за 2025 се сведоа на помалку од 3 милиони евра? 

Од СДСМ порачаа дека, господатаод ДПМНЕ, овој срам не може да се сокријат со криење на видеата од седниците на Советот од кои се гледа како молчат пред аргументите на опозицијата. И уште прашуваат дали видеото од седницата е сокриено поради тоа што 

во Буџетот за 2025 се гледа дека за 4 години изградија точно „0“ од ветените 4 градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче? 

„Дали затоа што и во Буџетот за 2025 се гледа дека и оваа година во Аеродром нема да се изгради ниту една нова улица, ниту една нова велосипедска патека? Или затоа што по четврти пат беше одбиен амандманот на СДСМ за изградба на тартан патека на територија на Аеродром?

Од СДСМ, обвинуваат дека за време на водството на општината Аеродром од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и сегашниот в.д. грдоначалник Дејан Митески, освен популизам ништо не направиле за граѓаните на Аеродром.  Опозицијата јавно ја прозва ВМРО-ДПМНЕ, дека за 4 години не изградиле ништо од ветените 3.000 нови паркинг места? 

„Или затоа што се одбиени амандманите на СДСМ за изградба на паркиралишта во Стар Аеродром и Ново Лисиче? Дали затоа што во Буџетот за 2025 десеткратно се зголемени средствата предвидени за компјутерски софтвер? Дали затоа што 4 години не ја зголемија еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари? Најмалку 4 пати во текот на овој мандат е одбиен амандманот на СДСМ кој овозможува реализација на ова нивно ветување. Дали затоа што го одбија амандманот на СДСМ со кој се предвидува зголемување на еднократната парична помош за прваче од 3.000 на 5.000 денари“, прашуваат од СДСМ.

„Дали затоа што се дозна дека во 2024 година за прв пат во Општина Аеродром не е одобрено ниту едно барање за еднократна парична помош за социјално ранливите категории на граѓани? Или затоа што се намалени овие средства и во Буџетот за 2025? Дали затоа што Општина Аеродром доби нов претседател на Советот, таман претходниот научи течно да чита“?, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен