Борисов: И ние и ЕК не сакаме ништо од Македонија, освен да го почитуваме Договорот за добрососедство

Борисов

Постои договор за добрососедство и пријателство со Република Северна Македонија, потпишан од мене и нивниот премиер. И ние и Европската комисија не сакаме ништо друго, освен да го почитуваме овој договор.

Ние не сме непријатели, туку сосема спротивното.

Ова го кажа лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во Русе, пренесува БГНЕС.

„Покрај тоа, Договорот дава права. Потоа францускиот предлог – сè е апсолутно јасно“, рече тој.

Борисов даде пример за ставот на Грција од периодот на пристапувањето на Бугарија во ЕУ и повика на конструктивен дијалог преку дипломатски средства.

„Ние не сме непријатели, туку сосема спротивното. Ако тие го разбираат соседството како што го разбираме ние, нема да имаат никакви проблеми“, додаде Борисов.

Договорот меѓу Бугарија и Македонија се базира на Декларацијата за добрососедство, која беше потпишана на 22 февруари 1999 година од страна на премиерите на двете земји – Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Официјалното потпишување на самиот Договор за добрососедство се случи на 1 август 2017 година.

На 27 јули 2017 година, Бугарското народно собрание усвои едногласна декларација со која ја поддржа владата во склучувањето на договорот. Документот потоа беше ратификуван од бугарскиот парламент, како и од Собранието на Република Македонија, каде што пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираа гласањето.

Договорот стапи во сила на 14 февруари 2018 година. Ова се случи откако министрите за надворешни работи на двете земји, Екатерина Захариева и Никола Димитров, потпишаа протокол во Софија за размена на ратификациски документи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?