Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Годишен раст на производството на велосипеди во ЕУ од 10 отсто 

Во текот на минатата година во Европската Унија биле произведени 14,7 милиони велосипеди, што претставува раст од 10 проценти во споредба со 2021-та, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. 

Според овие податоци, ланското производство на велосипеди во ЕУ во споредба со она во 2012 година е зголемено за 29 отсто. 

Најголем производител на велосипеди во Унијата во 2022 година била Португалија со произведени вкупно 2,7 милиони парчиња. 

По неа следуваат Романија со 2,6 милиони, Италија со 2,5 милиони, Германија со 1,7 и Полска со еден милиони произведени велосипеди. 

Како што посочува Евростат, возењето велосипед го поттикнува индивидуалното здравје и благосостојба и со потенцијална замена за користење на автомобили, придонесува за намалување на загадувањето на воздухот.  

– Тоа е еколошки и здравствено свесен начин на транспорт, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира