Ангелов: Во гостиварската вода има бактерија опасна по здравјето на луѓето

загадување на вода

Граѓаните на Гостивар се уште не смеат да пијат вода од градскиот водовод и истата не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија која е опасна по здравјето на луѓето, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Англов објасни дека во водата постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет.

„Овие бактерии предизвикуват инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици“ истакна Ангелов.

Тој додаде дека денеска се ангажирани 3 цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар.

„Едната на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спадување на Општина Гостивар“ изјави директорот на ЦУК, Ангелов.

Најчитано