Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брисел го игнорира Мицкоски, има за цел да го забрза приближувањето на Западен Балкан до ЕУ

ЕУ има за цел да го приближи Западен Балкан до ЕУ и создаде сет на алатки и инструменти за да се забрза конвергенцијата на регионот. Последната иницијатива на ЕУ, новиот План за раст за Западен Балкан вклучува поддршка за зајакнување на иновациите, зелената и дигиталната транзиција и нудење можности за понатамошно образование на младите луѓе, стои во соопштението на Европската комисија по дводневниот ЕУ самит на министрите за иновации, истражување, култура, образование и млади од Западен Балкан во Скопје.

Илијана Иванова, комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, вчера и денеска во Скопје се сретна со министрите од Западен Балкан на низа состаноци на кои беа истакнати заедничките напори за имплементација на Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт.

Претставниците ја потврдија својата заложба за интензивирање на соработката за посилна интеграција на Западен Балкан во Европската образовна област, во Европската истражувачка област и во Европската агенда за иновации.

Еврокомесарката Иванова во обраќањето на самитот во Скопје подвлече дека забележува „одмерен моментум за процесот на проширување“ и ги поттикнува сите од регионот да ги имплементираат сите критериуми наведени во Агендата на ЕУ.

– Ги обединивме сите заеднички напори за Западно Балканската агенда за иновации, истражување, култура, млади и спорт, за да ја забрзаме конверзацијата на вашите стопанства кон ЕУ и заедно обезбедуваме највредниот капитал на регионот, младите генерации, да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес. Изминавме долг пат, ни претстои уште многу работа и очекувам инспиративна размена на мислења тука во Скопје, посочи Иванова.

Зачлени се на нашиот е-билтен