– Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека во нападот врз Севастополскиот Залив, каде што се наоѓаат некои бродови на руската Црноморска флот, бил погоден и уништен рускиот ракетен брод „Циклон“.
„Ноќта на 19 мај, одбранбените сили на Украина го погодија рускиот ракетен брод „Циклон“ во Севастопол“, соопшти Генералштабот.
Нападот бил изведен со беспилотни летала.
Русија незаконски го анектираше Крим во 2014 година.