Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел одобри два танкери со дизел дневно да влегуваат во Газа

 – Израел одобри два танкери со дизел дневно да преминуваат од Египет во Појасот Газа за хуманитарни цели, потврди денеска висок израелски претставник.

Тој рече дека воениот кабинет ја одобрил соодветната препорака на војската и домашната разузнавачка служба.

Агенциите на ОН се пожалија дека недостигот на гориво ја попречува хуманитарната работа во Појасот Газа. Локалните здравствени власти, исто така, велат дека се принудени да затворат повеќето болници, ставајќи ги животите на пациентите во опасност.

Израелската војска изрази загриженост дека испораките на гориво би можела да ги користи милитантната палестинска организација Хамас за да изврши напади. 

Зачлени се на нашиот е-билтен