Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел: Преговорите за прекин на огнот се во застој, на тимот на Мосад му е наредено да се врати од Катар

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му нареди на преговарачкиот тим на израелската разузнавачка агенција Мосад да се врати во Израел од Катар, бидејќи разговорите за продолжување на примирјето во војната меѓу Израел и Хамас влегоа во ќорсокак.

– Терористичката организација Хамас не ги исполни своите обврски врз основа на договорот кој вклучуваше ослободување на сите жени и деца заложници на списокот што таа го обезбеди и одобри, се вели во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.

Во преговорите учествуваа и шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и премиерот на Катар. Шефот на Мосад им се заблагодари за „огромните напори“ што доведоа до ослободување на 84 жени и деца од Газа и 24 странски државјани киднапирани од Хамас.

Кога прекина примирјето вчера, во Газа останаа 136 киднапирани – 114 мажи, 20 жени и 75 постари лица. Повеќето од нив, 125 се Израелци, а 11 се странци, од кои осум се од Тајланд, јавија израелските медиуми.

Израелската армија денеска продолжи да го бомбардира Појасот Газа, еден ден по завршувањето на примирјето со кое се овозможи ослободување на заложниците во замена за 240 Палестинци кои се наоѓаа во израелските затвори, жени и малолетни мажи, а дозволи и испорака на хуманитарна помош на населението во Газа.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за крајот на примирјето. Хамас предложи размена на „заробеници и постари луѓе“ меѓу заложниците и предавање на телата на затворениците „убиени во израелските бомбардирања“.

Нетанјаху, пак, го обвини Хамас дека го прекршил договорот и истрелал ракети кон Израел. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен