Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Мицкоски да каже како ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници дозволи претседател на Собрание да добие партија со два пратеника

Во однос на спорната свечена изјава на новиот собраниски спикер Африм Гаши и отсуството на реакција од новото владејачко мнозинство, пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Слободен печат истакна дека одговорите дали чинот на свечената изјава бил однапред договорен, треба да ги даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Имајќи предвид дека новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и имајќи предид дека сите тие беа со главата надолу кога тоа се случуваше и дека голем дел од нив не се одважија ниту да дадат аплауз, не би сакала да кажам дали тоа можеби било намерно, договорено, тоа сепак треба да го каже Мицкоски кој седеше во првиот ред. Мицкоски треба да каже и како дозволи партија со двајца пратеници да добие трет најважен човек во државата“, рече Стојчевска.

Таа додаде дека пратениците на СДСМ на лице место реагирале на тоа што свечената изјава се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик.

„Ние реагиравме на лице место и реагиравме согласно механизмите што ни се дозволени, ние додека трае свечената изјава немаме право ниту да се пријавиме за збор, ниту има право некој да се јави за процедурално, затоа што во тој момент се уште не се формирани пратеничките групи и нема координатори“, посочи Костадиновска – Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира