Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лекари без граници отпуштаат пациенти од полската болница во Рафа

Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници денеска соопшти дека почнала со отпуштање пациенти од полската болница во Рафа пред можна евакуација.

– Почнавме да ги отпуштаме пациентите во индонезиската теренска болница во Рафа, оние кои можат да одат, а истовремено се подготвуваме и за можна евакуација, рече Орели Годар, која го предводи медицинскиот тим.

Таа рече дека алтернативните здравствени установи во областите надвор од зоната на евакуација не се соодветни за потребите на пациентите.

– Неколкуте полски болници или алтернативни инсталирани објекти нема да можат да се справат со приливот на ранети пациенти покрај редовните медицински потреби, како што се породувањето и хроничните болести. Здравствените потреби значително ќе се зголемат, а пристапот до здравствена заштита дополнително ќе се намали, додаде Годар.

Лекари без граници предупредуваат дека офанзивата на Рафа ќе биде катастрофална за повеќе од еден милион луѓе кои живеат таму и за оние кои избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.

Според организацијата, условите за живот на палестинската територија веќе се исклучително лоши и само ќе се влошат за луѓето кои повторно ќе бидат раселени и ќе мора да живеат во импровизирани шатори, со екстремно ограничен пристап до основните потреби.

Покрај тоа, се предупредува дека новата израелска офанзива во Газа дополнително ќе ја деградира здравствената инфраструктура во енклавата и оти обезбедувањето медицинска и хуманитарна помош во моментов е многу предизвикувачко, јави Си-Ен-Ен.

Зачлени се на нашиот е-билтен