Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека денеска, додека се’ уште траел состанокот на ДУИ, претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и да биде потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.

Ова може да се толкува и како внимателен маневар на СДСМ и ДУИ за да ги потопат приказните на ВМРО-ДПМНЕ, а и на Левица, за албанизација на државата.

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните, а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини.

ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните, но за жал повеќе и од очигледно е дека граѓаните се свесни за манипулацијата и тие секогаш ги избираат промените за соживот, еднаквост и подобар животен стандард.

Митревски со години ја предводи пратеничката група на СДСМ, а на последните парламентарни избори беше коносител на пратеничката листа во петтата струшко-охридска изборна единица.

Со самото тоа што на чело на Собранеито ќе застане Митревски ова ќе биде показател дека мантрата на ДПМНЕ за албанизација пропаѓа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира