„Државата ја продадоа оние од ВМРО – ДПМНЕ кои што освен да урлаат не знаат ништо. Тие што сакаат да ја купат цела држава со се’ Охридското езеро и крајбрежје, е на тие граѓаните не им веруваат и затоа се нервозни. Нивните математики не излегуваат и затоа се нервозни“, рече секретарот за меѓународни односи во СДСМ Бојан Маричиќ на митинг во Аеродром.
Тој додаде дека поради тоа се појавуваат на митинзите на СДСМ за да провицираат, бидејќи не може да се соочат со реалноста и вистината.
„Би сакал на крајот само да порачам дека оваа кампања нѐ мотивира повеќе, нѐ мотивира да не престанеме да се бориме, да не се откажеме никогаш, нѐ мотивира да ги победиме како што ќе ги победиме“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека поразот на ВМРО-ДПМНЕ е блиску и дека не можат да ја побердат Европска Македонија, со европски животен стандард, европски напредок и европска младина и иднина.