Молк од вилата „Водно“ откако новоизбраната претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова по повод одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј во Рим постави венец на кое беше испишано: „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, без името на државата.
Нема одговор од претседателскиот кабинет на бројните реакции по социјалните мрежи, која тоа држава претседателката Силјановска Давкова ја претставувала вчера и во чие име го положила венецот цвеќе пред гробот на Св. Кирил и пред плочата на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.