Мирјана Најчевска, професорка на Институтот за социолошки и правни истражувања, на социјалните мрежи напиша емотивна и гневна објава за пожарот во атарот на општина Чучер-Сандево, каде што таа живее побеќе години.
„Моето Сандево гореше. Ридот е поцрнет и сеуште се гледа по некој столб со чад. Луѓето дадоа се од себе да ги спасат селата и манастирите“, напиша Најчевска.
Таа упатува критика на несоодветното информирање за пожарот.
„Она што се уште не можам да го разберам е отсуството на соодветно информирање. Информациите беа расфрлани, недоволни, неточни, собрани по патот.Немаше информации за движење на пожарот, за ниво на загрозеност, за организирана борба со пожарот, за збирни места, за план за евакуација. Со сите средства за информирање кои ни стојат на располагање луѓето дознаваа од рекла казала и се организираа како во 19 век“, посочува Најчевска.
Најчевска оценува дека „ова е еден од показателите дека немаме држава туку башибозук во кој полуписмени и потполно неписмени политичари се обидуваат секој да штрбне од државата колку може во краткиот период додека е на власт“.
Таа потсетува дека социјалистичка држава Македонија имавме територијална цивилна заштита.
„Сите знаевме каде треба да одиме и што треба да правиме во вакви ситуации. И бевме обучувани од основно училиште. Тоа беше држава“, укажува Најчевска.
Во однос на актуелната ситуација на терен таа вели дека се гледа до каде се спуштил и дека гледа хеликоптери кои некаде фрлаат вода.
Најчевска упатува критики и за медиумското известување за пожарот и вели дека поточни информации добива од соседите.