Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер

ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов.

„Апелирам до сите партии – избори во август, без буџет, е катастрофа. Ние сме категорично решени да формираме влада, што и да не чини тоа“, нагласи Борисов.

„Го одредуваме мандатот, ги бараме одговорните партии“, додаде лидерот на ГЕРБ.

Зачлени се на нашиот е-билтен