Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западен Балкан утре во Брисел, Дачиќ го потврди учеството

 Во Брисел утре ќе се сретнат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и од Западен Балкан.

По состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со нивните колеги од Западен Балкан, на кој ќе се разменат мислења за руската агресија во Украина, Западниот Балкан и Рогот на Африка.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ го потврди учеството на утрешниот работен ручек со министрите за надворешни работи на ЕУ и на Западен Балкан во Брисел.

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека за време на посетата на Брисел, Дачиќ ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Зачлени се на нашиот е-билтен