Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов голем протест „Србија против насилство“, демонстрантите ќе направат обрач околу РТС

Денеска се одржува нов протест против насилството во Белград, само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ вчера донесе луѓе со автобуси од цела Србија во Белград, вклучително и неговите локални партиски функционери и членови, симпатизери и луѓе кои работат во општините и јавните претпријатија, објави Индекс.

Денешниот четврти протест „Србија против насилството“ повторно почна пред Собранието на Србија, а овој пат граѓаните ќе формираат голем обрач околу РТС. Демонстрантите бараат оваа телевизиска куќа да почне објективно да известува за протестот и некој од опозицијата да гостува во Дневникот на тој медиум.

Нема да има блокада на белградската сообраќајна клучка Газела.

Како што се наведува во соопштението, ова веројатно ќе биде најголемиот или еден од најголемите народни собири што досега се одржале во Белград и Србија.

Иако Вучиќ и неговите луѓе за вчера го најавија најголемиот митинг во историјата на земјата, а режимските медиуми пишуваа за „200.000 Срби кои го слушаа претседателот и покрај дождот“, протестот беше обележан со слики од не многу густо исполнет простор пред српскиот Парламент каде што се одржа митингот, како и реки од народ кои заминуваа пред Вучиќ да го заврши својот говор.

Митинготна Вучиќ „Србија на надежта“, беше одговор на Владата на протестите „Србија против насилството“, кои, меѓу другото, беа насочени и против неговата власт, но критичарите на Вучиќ велат дека на вчерашниот помпезно најавуван собир тој не успеал да го надмине бројот на луѓе на протестот против насилството, а во Србија се погласно се зборува за тоа дека вчерашниот митинг на Вучиќ бил фијаско. Поради разочарувачкиот број луѓе, претседателот на Србија наводно се нафрлил на луѓето во партијата, пишува Индекс.хр.

Г. Т.

May 27, 2023 18:50

in ZOOM INДЕНЕСРЕГИОН

Зачлени се на нашиот е-билтен