Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти: Предложив план за деескалација на ситуацијата во северно Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека предлогот од пет точки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово го доставил до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и до амбасадорите на земјите од големата петорка.

Курти изјави дека планот за деескалација на ситуацијата треба да започне со владеење на правото – првата точка од предлогот – „Криминалните групи мора веднаш да бидат идентификувани и кривично гонети“.

Втората точка предвидува итно повлекување на „насилните групи, нивно враќање во Србија и прекин на криминалните активности“.

Според предлогот на Владата на Косово, косовската полиција и КФОР или ЕУЛЕКС ќе вршат заеднички безбедносни проценки на секои 15 дена.

По тие точки Курти најави дека ќе се одржат вонредни избори за градоначалници во четири општини на северот на Косово.

Во петтата точка Курти порача дека Косово и Србија треба веднаш да се вратат на масата за дијалог за да се нормализираат односите и што поскоро да се одржи прва средба на највисоко ниво. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново