Рокот за експерти за „Скопје 2028“ продолжен до 2 октомври

Скопје

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ го продолжи за 15 дена рокот за пријавување на јавниот повик за независни домашни и меѓународни експерти кои ќе ги оценуваат проектните предлози за програмата. Новиот рок е 2 октомври 2026 година.

Со повикот треба да се формира Регистар на независни експерти-евалуатори, кои ќе бидат ангажирани за стручно, независно и непристрасно оценување на проектите што ќе пристигнуваат во рамки на програмските линии и јавните повици на „Скопје 2028“.

Повикот е отворен за професионалци од Македонија и од странство со најмалку пет години релевантно работно искуство, одлично познавање на англиски јазик, способност за работа со дигитални алатки и без судир на интереси.

Предност ќе имаат кандидати со искуство во европските програми, особено „Креативна Европа“ и Европска престолнина на културата, како и во меѓународна културна соработка, грантови, финансиска поддршка и независна евалуација на проекти.

Се бараат експерти од повеќе области, меѓу кои современа и визуелна уметност, музика и изведувачки уметности, филм, дигитални медиуми, литература, културно наследство, архитектура, дизајн, културен менаџмент, нови технологии и вештачка интелигенција, образование, урбан развој и културен туризам.

Избраните експерти ќе можат да оценуваат и бодираат проекти, да подготвуваат евалуациски извештаи, да учествуваат во комисии и да ги оценуваат проектните буџети и односот меѓу планираните трошоци и очекуваните резултати.

Вклучувањето во регистарот не значи вработување во Фондацијата, ниту гарантира автоматски ангажман. Експертите ќе бидат повикувани според потребите на конкретните повици, нивната стручност, достапност и отсуството на судир на интереси.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?