Шест лица, меѓу кои и 10-годишно девојче и нејзината мајка, се убиени во денешниот руски ракетен напад врз јужниот украински град Кривиј Рих, родниот град на украинскиот претседател, пишува Јаху њуз.
Уште десетици цивили се повредени. Украинските власти ги потврдија жртвите и го соопштија обемот на уништувањето предизвикан од нападот.
Претседателот Володимир Зеленски објави видео од последиците од ракетниот напад, на кое се гледа како се издигнува чад од деветкатна станбена зграда со дупка во неа од ударот на ракетата. Покрај тоа, уште една блиска четирикатна зграда била речиси срамнета од експлозијата.
Регионалниот гувернер Серхиј Лисак изрази жалење на социјалната мрежа Телеграм, велејќи: „Во Кривиј Рих веќе има шест загинати“. Тој најави и дека прогласил ден на жалост во чест на жртвите. Градоначалникот Олександр Вилкул даде дополнителни потресни детали, потврдувајќи ја трагичната загуба на едно девојче и нејзината 45-годишна мајка.
Претходно, Олексиј Кулеба, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека досега се знае дека 43 лица се повредени во нападоти ја повика Украина да се одмазди за сите погодени од руските напади.
„Кривиј Рих. Две ракети паднаа врз центарот на градот. 43 повредени, четворица загинати – од под урнатините извлечени жена и дете. На терен работат сите потребни служби, локални и регионални власти. Оперативниот штаб за помош е распореден. Секој ден, украинските градови се под оган на руските терористи. Суми, Запорижја, Днепар, Харкив. Ова е само во последните неколку дена“, рече тој преку Телеграм.
„Денес и во Керсон – еден загинат, четворица повредени. Нападнати се вработени во комуналното претпријатие, кои во тоа време го чистеа градот. Сите добиваат помош. Непријателот удира низ населбите и градовите. Ова е ужас поради очајот и поразот на Руската Федерација на фронтот. Ова е терор за заплашување и уништување на Украинците. Да им се одмаздиме на сите. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, нагласи Кулеба.
Г. Т.