Прелиминарната истрага на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) покажа дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас досега се убиени најмалку 48 новинари и медиумски работници.
Најсмртоносен ден за нив беше првиот ден од војната, 7 октомври, кога загинаа шест новинари и медиумски работници. Петмина новинари беа убиени на 18 ноември.
Убиени се 43 палестински новинари, четворица Израелци и еден Либанец.
CPJ ги проучува сите извештаи за убиени, ранети или исчезнати новинари и медиумски работници во услови на војна од 1992 година.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, деветмина новинари се ранети, тројца исчезнаа, а 13 се уапсени.