Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пејчиновиќ Буриќ: Загрозувањето на слободата на новинарите е загрозување на слободата на сите

Генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ
Генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ

Генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ, во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, ја истакна важноста од заштитата на новинарите, особено во клучната изборна 2024 година, со цел зачувување на демократијата.

-Додека милиони граѓани во Европа и другите континенти гласаат на клучните избори во 2024 година, мора да се потсетиме на критичната улога што ја играат новинарите и квалитетните медиуми во обезбедувањето пристап до плуралистички и веродостојни информации и разновидни мислења и идеи, за да можеме да носиме информирани одлуки за остварување на демократските права, рече Пејчиновиќ Буриќ, соопшти СЕ.

Без разновидни, слободни и независни медиуми и новинари, се додава, „вистинската демократија пропаѓа и може да пропадне“.

-Тие се столб на демократијата и никогаш не треба да заборавиме дека нивната слобода е и наша, се вели во оопштението.

Пејчиновиќ Буриќ изјави дека „слободата на медиумите сè уште е нападната во Европа“, додавајќи дека овие закани вклучуваат незаконска употреба на шпионски софтвер, тужби против новинари, физички напади, заплашување, притворања и рестриктивни закони.

Според неа, за медиумите и новинарите да ја одиграат својата суштинска демократска улога, мора да бидат способни да работат во безбедна средина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен